Во едни други времиња науката била предоминантна над политиката и политичарите стоеле простум пред научниците. Она што ние денес го имаме, тоа е квазиполитика и наука којашто е потчинета од квазиполитичари. Тоа си го добивме врз основа на образованието кое што дозволивме да отиде во амбис. Тоа е резултатот денес, вели професорката Катерина Тодороска , професор на ИНИ и внука на македонскиот великан Блаже Коневски, во денешното издание на емисијата Стадион на Канал77, коментирајќи го прашањето -Како нашата генерација би се поставила и однесувала во такви едни времиња во коишто живееле Коневски и други наши македонски великани.
„Нашата работа сега е да си го извадиме образованието од амбисот и да кажеме еднаш засекогаш ,доста на полуписмени коишто ја креираат македонската политика, доста на оние коишто навистина не обезличија и како наука и како држава и време е веќе да си заминат а науката и научниците да си го земат кормилото во свои раце,“ вели Тодороска.
Зборувајќи за Конески, со кој ги поминала последните денови од неговиот живот , читајќи му по два часа секојдневно, кажа дека тој бил многу скромен човек и дека можеби звучи и малку религиозно, погребан е на денот на Свети Климент Охридски кој што бескрајно го почитувал.
Вели дека е револтирана од актуелниот однос кон Конески, поради злоупотребата и користењето на неговото име во дневнополитички настани.
За одбележувањето на 100 од раѓањето на Блаже Конески, смета дека е претерано и дека повеќе наликува на дневно политичко ЕПП.
„Самиот факт што на таков начин, помпезно претставување од секој можен агол неговото живеење, премина и во апсурд. Значи имате ситуација, 30 години од ништење, негирање на Блаже Конески до негово кревање во висините. Тој си го има своето место, својата заслуга, тој е член на многу странски академии, избран на живот. Не е потребно политизирање на неговото име,“ кажа Тодороска, во денешното издание на емисијата Стадион
Целиот разговор може да го проследите на следниот линк