Секоја генерација има своја битка и своја обврска. Сегментот од секоја битка и од секоја обврска е грижата за почитување на делото на големите личности од нашата современа историја и култура , меѓу кои централна личност од тој наш македонски 20-ти век е Блаже Коневски, особено во неговата втора половина, кажа Иван Антоновски , книжевник при денешното издание на емисијата Стадион на Канал 77, посветена на македонскиот јазик-Блаже Конески-Просто и строго
Антоновски додава дека„ Не треба да се запостават и некои други автори, почнувајќи од оние коишто пишувале на македонски јазик во периодот меѓу двете светски војни или во 19 век, Пулевски, Миладиновци, па Рацин, Коле Неделковски. Ние не треба да мислиме дека ете историјата на јазикот почнал или историјата на употребата на јазикот почнува само со стандардизацијата, како што некогаш знаеме да употребуваме. Народниот јазик е оној од кој понатаму се случува стандардизацијата. Стандардизацијата е само дел од историскиот процес на постоење на јазикот, не оној момент од постоењето на македонскиот јазик. Македонскиот јазик има далекусежна историја, а таа историја најдобро се согледува во книжевноста, во книжевните дела во пишаниот текст,“образложува Антоновски.
Едно од прашањата за коишто постои апсолутна согласност меѓу македонските филолози е дека имаме и потреба и долг да го доисчитаме и доистражиме делото на Блаже Конески, вели Антоновски
„Затоа како долг се случи и делото „Слово Коневски“. Тоа е влогот на мојата генерација
Тој смета дека македонскиот јазик во овој момент мора да се брани и од надворешни но и од внатрешни напади. Грижата за јазикот е одговорност на секој поединец, секој еден е одговорен колку ќе го почитува и ќе го негува сопствениот јазик.
Иван Антоновски е овогодишниот добитник на наградата на овогодишниот конкурс „Живко Чинго„ за расказот „Ние ја имаме судбината на Јозефа К.“
Неодамна беше објавена неговата најнова гнига „Просто и строго-Конески.