За десет минути искрвавел до смрт 29-годишниот навивач на АЕК Михалис, откако претходно бил повреден во раката, веројатно со нож од типот „Карабит“, за време на инцидентите во понеделникот вечерта, согласно извештајот од обдукцијата, што го пренесуваат грчките медиуми – јави дописничката на новинската агенција МИА од Атина.
Според истите информации, на телото имало само една единствена повреда во подлактницата, што предизвикала неконтролирано крвавење, а десет минути подоцна настапила и смртта.
Процените од надлежниот форензичар кој ја извршил обдукцијата, како што пишуваат медиумите во Грција, е дека повредата, веројатно со нож од типот на „Карабит“, во обид 29-годишниот да се одбрани од нападот.
МИА