Актерот и професор Драган Петровиќ Пеле гостуваше во телевизиска емисија каде што зборуваше за семејството, но и за своето детство.
Тој раскажа дека неговиот брат, кој е три години постар, е целосно спротивен од него.
„Тој како дете беше мирен, повлечен. Јас не бев таков. Ние се разликувавме и физички. Тој беше висок скоро два метра, а јас ситен“, раскажа професорот.
Популарниот актер ја имал таа несреќа, најблиските членови на фамилијата да си „заминат“ еден по друг, а сето тоа се одразило на неговата професија.
„Прво загина брат ми, па почина татко ми и на крајот на 2013 почина и мама. Додека татко ми беше болен јас работев цело време, одев на факултет, имав претстави, но редовно го посетував. Кога се разболе мајка ми, таа цел месец лежеше во болница и јас одев таму секој ден. На денот на погребот играв комедија. Малку е тешко човек да се „префрли“, но таков е животот.
Најголемиот стрес сепак го доживеал кога непосредно пред да излезе на сцена, го известиле дека загинал брат му Зоран, кој тогаш имал 31 година.
„Тогаш немаше мобилни телефони, некој се јави во театарот. Во претставата која требаше да ја играм имав две-три сцени. Прашав дали ќе може тоа да помине без мене и ми кажаа дека може. Излегов од театарот, седнав во автомобилот и си заминав“, раскажа Пеле.
„Никогаш човек не добива нешто што не може да поднесе“, порача тој на крај.
„Се издржува некако. Во првиот момент не чувствуваш ништо. Како кога ќе се пресечеш па не те боли веднаш. Тоа е механизам на самоодбрана. Подоцна се освестив, прво ме стигна бесот, па тагата“, додаде тој.