Капачите останаа изненадени, кога на плажата во Неа Муданија на Халкидики, Грција забележаа како до плажата, во морето, плута автомобил. Настанот се случил во вторникот (08.08), по што интервенираше локалната шлеп служба.
Најверојатната причина поради која автомобилот завршил во морето, се претпоставува дека е поради откочување на рачната сопирачка.
Во инцидентот нема повредени, бидејќи во возилото немало никој.
Во тек е прелиминарна истрага на пристаништето на Неа Муданија, со цел да се утврди како паркираното возило завршило во морето. Не е забележано загадување на морето.
извор: Прототема.гр