Некои луѓе немаат срам, па лажејки дека децата им се болни, измамуваат чесни и хумани граѓани. Една таква од Кочани доби кривична.
-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Х.Д.(40) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени три кривични дела „измама”. Пријавената, во текот на 2022 година во три наврати довела во заблуда три лица да ѝ дадат пари во вкупен износ од 1.200 евра, изјавувајќи лажно дека ѝ се потребни за лекување на нејзините деца и за запишување на факултет, информираат од МВР.