Секоја девојка сонува за моментот кога ќе се упати кон олтарот рака под рака со својот татко, но една жена одлучила ваквиот посебен момент да го сподели со двајцата мажи кои ја пораснале.
Се работи за нејзиниот биолошки татко и за човекот кој ја имал киднапирано – пренесува New York Post.
„Беше многу убав ден“, изјавила 26-годишната Мич Зефани Шелдон од Кејптаун зборувајќи за својата венчавка која се одржала на 21 март.
„Многу ми е драго што мојот прв татко го отвори своето срце и одеше со мене до олтарот заедно со сопругот на жената која ме киднапираше“, додала таа.
Лавона, која ја киднапирала Мич се борела со неплодност и имала неуспешен обид да забремени непосредно пред нејзиното раѓање. Лавона се маскирала во медицинска сестра и го зела бебето кое потоа го растела како свое заедно со својот сопруг Мајкл. Во текот на растењето, Мич воопшто не знаела дека Лавона и Мајкл не се нејзини биолошки родители.
Во 2015 година, кога Мич имала 17 години, во нејзиното училиште дошла нова ученичка по име Кесиди, која многу личела на неа. Тогаш вистината за нејзиниот идентитет почнала да се разоткрива.
Особено поради идентичниот изглед, жената која била социјален работник во училиштето, организирала ДНК тестирање за двете тинејџерки.
Резултатите докажале дека Мич и Кесиди се биолошки сестри.
Во февруари 2013, Мич конечно ги запознала своите биолошки сестри. Но, за неа враќањето дома не било со „холивудски“ завршеток како што очекувала.
„Беше многу тешко бидејќи пораснав мислејќи дека ова е моето семејство“, изјавила Мич за луѓето кои ја киднапирале.
„Запознавањето на моите биолошки родители…не чувствував никаква поврзаност. Го барав тоа, но едноставно го немаше на почетокот. Целиот живот ме гледаа Лавона и Мајкл“, додала таа.
А немирот меѓу двата пара родители само ја влошил и онака, непријатната средба.
„Двете семејства беа остри едно кон друго. Морав да се прилагодам на реалноста дека имам двајца различни татковци во животот, но знаев дека би сакала и двајцата да ме испратат до олтарот кога ќе се мажам“, додала девојката.
Инаку, Лавона била уапсена поради киднапирање и осудена на десетгодишна затворска казна. Иако Мич ги прекинала сите врски со својата лажна мајка, таа за неа нема негативни чувства.
„Мајка ми која ме растеше, за мене не е киднапред. Сите страдаа во овој процес и потребно е сите да се опоравиме“, истакнала Мич.
Нејзиниот процес на оздравување почнал кога во црква го запознала 32-годишниот учител Џастин.
По две години врска, Мич која тогаш имала две деца ја споделила со него својата ужасна приказна за киднапирањето. Тој бил шокиран, но полн со емпатија и продолжил да ја поддржува додека таа воспоставувала нова врска со двајцата татковци. Биолошкиот татко на Мич, од друга страна, не бил воодушевен со одлуката на својата ќерка да го вклучи и Мајкл во својата венчавка.
„Мојот биолошки татко на почетокот не беше премногу среќен. Тој тој ден беше во знакот на мојот однос со мојот маж. На крај, тој се согласи на сѐ поради мене. Тоа беше чудо. Односот меѓу моите две семејства сега се подобрува. Сега се согласуваат. Сфативме дека сме луѓе и конечно се помиривме со она што се случило. Едни кон други покажуваме меѓусебна почит и сите имаме разбирање“, изјавила Мич.