Откако 25 години живеела во надеж, болка, но и солзи, најпосле успеала да стане мајка.
Хелен Далглиш (54) никогаш не се откажала од сонот да роди дете, а вели дека сега се чувствува како да е во рајот.
„На крај, кога ќе го добиете тоа мало чудо, заборавате на сите 25 години во кои сте пателе и сте доживувале неуспех после секое одење на вештачко оплодување. Го гледав својот стомак кој стануваше сѐ поголем и поголем, па си помислив „дали јас сонувам“. Дури ни сега кога ја гледам не можам да верувам дека сум најка. Тоа е надреално“, изјавила Хелен од Глазгов откако ја родила ќерка си Дејзи Грејс.
Толку силно сакала да добие дете, па не се откажала иако имала вкупно 21 обид да забремени, а тоа ја чинело околу 116.000евра.
Хелен во своите дваесетти, се преселила од Шкотска на Кипар со својот тогашен сопруг, а она 28 години веќе почнала со обидите за добивање дете. Набргу се вратиле во Шкотска каде што оделе на разни тестирања за да дознаат зошто не може да остане бремена, но тестовите не покажувале ништо конкретно. Дијагнозата на лекарите едноставно била „необјаснива неплодност“.
„Прегледите на Кипар укажуваа на тоа дека потенцијално се работи за
„проблеми поврзани со положбата на матката, но лекарите во Шкотска не се загрижија“, раскажала Хелен.
Таа додала дека имала четири обиди за инсеминација, но тие биле неуспешни. Потоа таа се одлучила за инвитро оплодување. По неколку обиди кои биле залудни, Хелен останала бремена три пати, но имала спонтани абортуси.
„До тој моменто имав 42 години и едноставно, не успевав да задржам ниту едно од бебињата. Ќе дојдев до десеттата недела од бременоста и доживував спонтан абортус“, објаснила Хелен.
Таа додала дека се обидела да остане бремена и со донирани јајце клетки.
„Сфатив дека можеби единствената шанса ми е конечно да се согласам да користам донирани јајце клетки, но и покрај тоа што беа создадени 10 ембриони, сѐ беше залудни. Одлучив дека веќе нема ништо да правам. Се обидов да преминам преку тоа, но постојано ми се враќаше мислата за мајчинство. Тогаш го пронајдов Центарот за плодност Dunya Fertility Center во Киренија и тоа ми беше последната надеж“, нагласила таа.
Се вратила на Кипар со својот сегашен партнер и одлучила да се обиде барем уште еднаш.
„Немав намера да го направам последниот третман. Мојот татко беше сериозно болен дома во Шкотска. Тој умираше. Мајка ми сепак ми рече дека би требало да се обидам уште еднаш. Мојот татко пред да почине ја прашал мајка ми што би можел да ѝ прати од небото, а таа му рекла дека го моли да ми прати дете. Тоа на крајот ми беше дополнителен поттик за повторно да се обидам“, раскажала Хелен.
Останала бремена откако имала два обида за тоа во споменатата клиника на Кипар. Кога ги добила резултатите од тестот потврдувајќи дека во себе носи дете, таа се расплакала. Ѝ се јавила на својата мајка, која пак мислела дека таа плаче затоа што повторно обидот бил неуспешен.
„Тоа беа солзи на олеснување и среќа. Мислам дека татко ми имал нешто со тоа, тој ми го прати бебето“, истакнала Хелен.
Во текот на бременоста развила дијабетес и имала висок крвен притисок, но не се грижела за тоа. Единствено размислувала за денот кога најпосле ќе си го види детенцето.
На 53-годишна возраст, оваа жена родила здраво девојче и конечно почувствувала како е да се биде мајка.
„Кога дојдовме дома, бев во плач. Мислев дека тагата која ја имав цели 25 години, конечно ме напушта“, изјавила таа додавајќи дека сега ужива во мајчинството.
„Таа е смирено, опуштено и среќно бебе. Таа ми е толку драга, што вредеше да ја чекам уште 25 години.
Извор: yumama.mondo.rs