Дваесет и двегодишен навивач на грчки АЕК почина од повеќе убодни рани за време на тешките инциденти што ги предизвикаа навивачите на Динамо – Загреб пред стадионот на АЕК доцна синоќа.
Во насилните инциденти се повредени уште осум лица, меѓу кои и еден 17-годишник со рана на главата од камен. Поточно, тројца Грци и пет навивачи кои дојдоа од Хрватска, се хоспитализирани. Меѓу повредените, како што јавуваат грчките медиуми, има луѓе со различни државјанства – австриско, германско, босанско, албанско и хрватско.
Според информациите приведени се 96 лица, а приведените се приведени во полиција, кои се сослушуваат изутрината.
Иако УЕФА им забрани на гостинските навивачи да доаѓаат на натпреварите во Атина и Загреб следната недела, најверните навивачи на Динамо ја игнорираа таа одлука и пристигнаа во Атина во понеделникот.
https://www.instagram.com/p/Cp0fCQIo61g/
Како што пренесуваат грчките медиуми, околу 200 навивачи на Динамо – Загреб пристигнале во Атина и покрај забраната на УЕФА за присуство на гостински навивачи на натпреварот со АЕК.
Во попладневните и вечерните часови дојде до судир меѓу навивачите, кој за кратко време излезе од контрола.
Како што јави грчката Газета, еден навивач на АЕК бил избоден со нож и со возило на брза помош бил пренесен во болница во понеделникот вечерта, каде лекарите макотрпно се бореле да го одржат во живот, но безуспешно. И другите повредени се пренесени во истата болница за прва помош.
На местото на настанот пристигнаа силни сили на МАТ, кои со употреба на хемикалии ги спречија натамошните инциденти.
Не се знае дали организаторот и ЕЛ.АС ќе го дозволат фудбалскиот натпревар за третото квалификациско коло од Лигата на шампионите што требаше да се одржи денеска во 21:45 часот.
фото и видео: Hooligans.cz