Нашата убавица Анѓела Јакимовска се враќа со круна од Хрватска и ќе биде заштитно лице на еден од најлуксузните ресорти на јадранското крајбрежје Марина Фрапа.
Изминатава недела на јадранското крајбрежје во Хрватска во ресортот Марина Фрапа традиционално се одржа изборот за убавина Мис Адриатик , којшто е еден од најценетите избори за убавина во регионот, а се одржува уште од далечната 1997 година.
Нашата мисица и поранешна водителка Анѓела Јакимовска е прогласена за Мис Марина Фрапа 2023 година и ќе биде заштитно лице на еден од најлуксузните ресорти во Хрватска на јадранското крајбрежје.
Марина Фрапа е добро позната локација којашто е посетена од многу ѕвезди од регионот како Новаќ Гоковиќ, Аца Лукас и многу други, па навистина е голем успех токму Македонка да биде лицето на еден ваков престижен хотел.
Анѓела ја започна својата кариера токму во Хрватска во Сплит, како од моден така и од образовен аспект, кога замина на студии на тамошниот Економски Факултет. Во 2017 година Анѓела беше жири комисијата на изборот за убавина ,, The Best model of Dalmatia” каде што се одбираше најатрактивна Далматинка, а исто така беше дел од модните ревии коишто се одржуваа во Сплит.