Пејачот Дино Мерлин во ноември четири вечери по ред ќе пее пред белградската публика.
Најавените концерти на босанскиот изведувач наидоа на голем одзив кај публиката, но и на уште поголемо негодување, па сосема очекувано се појави петиција со која се бара забрана за влез, пренесува Информер.
На веб-страницата петиција.онлине е достапна фотографијата на Дино со познати изјави: „Забрането за Србите и за кучињата“, „Можеби треба да одам во Белград затоа што Србите се болни, а болните треба да се посетат“, „Јас ќе дојдам во Белград само ако го израмнат со гранати“, „Србите да се отстранат со пушки“, а до сега повеќе од 21.000 луѓе се на став дека Мерлин треба да добие ембарго.
-Ја потпишувам оваа петиција за забрана на влезот на поранешниот муџахедински војник на паравоената формација „Патриотска лига“ и докажан српскомразец во Србија, Един Дервишалидовиќ – Дино Мерлин, стои во петицијата.
Дека Дино Мерлин е навистина вистински музички волшебник на овие простори говори и фактот што тој го закажа четвртиот концерт во белградска арена.
српските медиуми пишуваат дека ниту најголемите светски ѕвезди кои досега го посетија регионот не успеаја, особено ако се земе предвид фактот дека претходните три концерти биле распродадени во рекордно време.
-Оваа есен сите сакаат да бидат дел од неговата нова турнеја „Ние“, која веќе го има средното име „распродадено“, а која од минатата година ги руши сите рекорди на посетеност во цела Европа., пишува Н1.