Пенелопе Круз и Хавиер Бардем ретко зборуваат во јавност кога е во прашање нивниот приватен живот, но во едно од ретките интервјуа раскажаа како почнала нивната љубовна приказна.
Денес тие важат за едни од најскладните познати парови на светот.
Првпат се сретнале во 1992 одина и имале проблематична афера пред камерите. Пенелопе Круз имала само 16 години кога за првпат прифатила да се појави во филм. Нејзиниот партнер Хавиер Бардем тогаш бил во раните дваесетти. Во својата улога, тој се обидел да го освои нејзиното срце. Години подоцна, Бардем објаснил дека иако тогаш ништо не се случило, меѓу нив постоела хемија.
Кога наполнила 20 години, Пенелопе се преселила во Њујорк за да учи англиски јазик и балет.
И таа и Бардем продолжиле да ги развиваат своите кариери, при тоа имајќи долги врски. Пенелопе ја почна својата успешна холивудска кариера и имаше романса со Том Круз.
Вториот пат, Пенелопе и Хавиер се споиле благодарение на Вуди Ален. Тогаш Хавиер го привлекол нејзиното внимание, но сепак на самото снимање ниту еден од нив не се осудил да го нправи првиот потег. Сакале да бидат професионални до последниот ден од снимањето.
На нивна среќа, еден пријател одлучил да организира забава и како што подоцна изјави Бардем – останатото е историја.
Тој призна дека на почетокот се двоумел, особено додека ги снимале сцените со интензивни кавги. Улогата која ја играла Пенелопе – неодолива и страстна жена, него го импресионирала, така што тој се прашувал дали навистина сака таков лик во својот живот.
Меѓутоа, тие сцени не биле само фикција, а нивниот заеднички живот стана рај на мирот.
Истата година кога се вљубија (2007), Хавиер освои Оскар за улогата во филмот „Нема земја за старци“. Веќе следната година, Пенелопе доби сопствен Оскар за улогата во филмот Вики Кристина Барселона.
Нивната венчавна беше целосно приватна, а јавноста дозна само дека актерот Џони Деп беше домаќин на церемонијата во неговата куќа на Бахамите.
Од почетокот на врската, Пенелопе и Хавиер биле цврсто решени дека ќе бидат многу дискретни кога е нивниот однос во прашање.
Првпат јавно се држеа за рака дури во 2010 година. Како плод на нивната љубов, тие добија две деца – Лео и Луна. И понатаму беа одлучни да не ја покажуваат својата љубов во јавност, па затоа и не објавуваат фотографи со нив.
Круз во една прилика изјави дека нивната приватност за нив е нешто свето. Иако вообичаено не зборуваат за себе, неодамна Пенелопе изјаби дека Бардем е најпрекрасниот сопатник кој може да го има.
„Тој беше дел од моите сонови и тука е со мене“, истакна актерката.
Бардем пак, неа ја опиша како жена која има „љубовна крв“, а на овој начин сакаше да каже дека таа во сѐ што прави е страстна и него тоа многу го привлекува.
Главен приоритет им се децата, но исто така се посветени и на еколошки и општествени цели.
Пенелопе режираше документарец за леукемијата во детството и се појави во повеќе реклами кои поддржува кампања против крзно.
Неодамна Барден се приклучи кон истражувачката Гринпис експедиција. Активизмот и заштитата на нивната семејна интимност им покагаат и денес да бидат еден од најстабилните познати парови на светот.