Поранешниот шпански фудбалер Жерар Пике од крајот на кариерата е посветен на својот проект Кралска лига, во чии рамки минатиот викенд организираше голем промотивен настан во пресрет на новиот турнир каде што требаше да одржи говор… Но, потоа толпата го прекина.
Откако Пике стана со микрофон во рака, толпата се сврте кон него и почна да скандира: „Шакира, Шакира“ – името на неговата поранешна партнерка и популарна колумбиска пејачка.
Како што тврдат обожавателите на пејачката, видно изнервиран Пике одговорил:
-Како и да е, јас сум сеуште светски шампион, а вие не сте никој.
Crowd chants “Shakira” at Gerard Piqué during a Kings League event in Madrid. pic.twitter.com/fwDMIWArn6
— Pop Crave (@PopCrave) July 30, 2023
Вечерта се слушнала и песната на Шакира „Њака, њака“, која наводно ја побарал поранешниот соиграч на фудбалерот од репрезентацијата, Икер Касиљас. Тоа е химната на Светското првенство во Јужна Африка 2010 година, благодарение на која се запознаа музичката ѕвезда и спортистот, за време на снимањето на сега веќе познатото музичко видео.
Каталонските медиуми неодамна пишуваа дека на Жерар Пике му пречи кога ја слуша музиката на Шакира за време на забавата, па при неодамнешната посета на ноќниот клуб Униљ во Андора, тој побарал од сопственикот ниту една песна на неговата поранешна обична сопруга да не се пушта во текот на вечерта.