Полицијата во Пехчево уапси 56-годишен маж од пехчевско, осомничен дека извршил монструозен чин, полов напад врз неговата внука.
-На 29.07.2025 во 19.05 часот полициски службеници го лишиле од слобода У.К.(56) од пехчевско поради постоење основи на сомнение дека извршил полов напад врз неговата внука. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.