Филмот „Барби“ ова лето стана вистински хит, а освен главната женска улога која ја игра Марго Роби, добри критики доби и нејзиниот Кен, кој го игра Рајан Гослинг. Јавноста не го очекуваше во ваква, по малку и бизарна улога, но тој веќе одамна покажа дека може да блеска во секаков жанр.
Овој неодолив шармер ги воодушеви љубителите на филмот уште пред 20 години, а тој едноставно го обожава сите улоги кои му претставуваат предизвик, што е дел од неговиот карактер и резултат на неговата карактеристика да не се откажува лесно.
Роден е пред 42 години во Онтарио. Пораснал во семејство на мормони, но никогаш не го прифатил нивниот поглед на светот. Мајка му била секретарка, а татко му работник во фабрика за хартија и го воспитувале прилично религиозно. Тие се развеле кога тој имал 13 години и својот живот го продолжил со мајка му и сестра му Менди. На училиште, не бил најдобриот ученик. Под влијание на филмот „Рамбо“ почнал да носи ножеви и да ги фрла на соучениците. Имал проблеми и со читањето бидејќи имал дислексија. Бил осамен и доцна стекнал пријатели
Сепак, тој имал прекрасен глас и со неговата сестра почнале да пеат на венчавки. Станал член на детската шоу програма „Клуб Мики Маус“. Се преселил на Флорида и почнал да настапува со Џастин Тимберлејк, Бритни Спирс и Кристина Агилера. Кога ја видел Ракел Велч сфатил дека сака да се занима со глума. Го напуштил училиштето, се „откажал“ од канадскиот акцент и почнал да сонува за Холивуд.
Вниманието на јавноста го привлече со филмот „Верник“ кој му донесе пари, а со големите улоги кои пристигнаа подоцна, веќе почна да ги придобива и холивудските убавици.
Првата сериозна романса ја имаше на 16 години со Сандра Булок иако таа беше постара од него. Потоа му се случи љубов со актерката Рејчел Мекадамс која беше и негова партнерка во филмот Notebook.
Рајан стануваше сѐ попопуларен, а тоа ѝ пречеше на Рејчел чиј рејтинг паѓаше. Врската не издржа, иако за неа сите зборуваа сѐ најдобро. Три години по раскинувањето тој немаше девојка и беше посветен само на снимањето, додека во 2011 во неговиот живот не влезе преубавата Ева Мендез. Тие глумеа заедно во филм, пар кој чека дете, а таквата приказна се пренесе и на нивниот приватен живот.
Дека врската е сериозна, Рајан докажа како ја запозна Ева со својата мајка. Сите очи во Холивуд беа вперени во нив, но тие, деталите за својата врска успешно ги криеја од медиумите. Ева ја криеше и бременоста, а потоа во 2014 година ја добија ќерката Есмералда Амада. Две години подоцна, на свет пристигна и Амада Ли. Тие две се центар на нивниот свет, а Гослинг за медиумите изјави дека е луд по нив и целата ситуација околу татковството му се чини како сон. За Ева пак, изјави дека е мајка од соништата и дека немаат дадилка бидејќи сакаат нивните деца да растат како сите нивни врсници.
Во јавноста постои сомнеж дека тие се венчале тајно бидејќи Ева на раката направила тетоважа De Gosling, што би значело дека таа го зела презимето на својот сопруг. Како и да е, ова семејство мирно живее во Лос Анџелес, а Рајан сигурно го чекаат уште големи улоги.