Список со барања на три страници доставија жителите на Слупчане до ЕВН Македонија, каде доминира ултиматумот сметките да не бидат поголеми од 3000 денари и да се избришат сите стари долгови. На листата се и барањата новите приклучоци да им бидат бесплатни, а џамиите да бидат ослободени од плаќање. Оваа листа предизвика гнев кај останатите граѓани, кои реагираат дека покажаната сила и заканите ги става слупчанци на листата на привилегирани.
Вчера на кратко без струја остана и граничниот премин Табановце по манипулациите на жителите, но по интервенцијата на ЕВН напонот беше вратен.
Во продолжение трите страници со барања: