Легендарната Шинејд О’Конор почина на педесет и шестгодишна возраст. Информацијата ја објави порталот irishtimes, а ја потврди семејството на пејачката без да ја наведе причината за смртта.
Во текот на својата кариера таа објави десет студиски албуми, а стана славна во деведесеттите години со емотивната обработка на „Nothing Compares 2 U“.
Шинејд, која секогаш беше отворена за нејзините проблеми со менталното здравје, на почетокот на овој месец на фејсбук објави дека се вратила во Лондон по пауза од 23 години. Таа најави и дека планира да го заврши нејзиниот нов албум и да го промовира на светска турнеја во наредните три години.
Инаку, О’Конор почина 17 месеци по смртта на нејзиниот 17-годишен син Шејн кој се самоуби во јануари ланската година.