Големата сцена на Античкиот театар во Охрид за вечерва е резервирана за театарската претстава „Пеколна комедија: Исповеди на сериски убиец” со светски прославенот актер, сценарист и продуцент, Џон Малкович.
Станува збор за претстава работена според дело и режија на авторот Михаел Штурмингер, во музичка придружба на сопранистите Чен Реис и Сузан Лангбејн и оркестарот на „Виенската академија“.
„Пеколната комедија“ всушност претставува сценска изведба на австрискиот сериски убиец Џек Унтервегер, кој додека е во затвор станува поет и писател, што пак придонесува критиката да го засака, за потоа тој да биде помилуван како „пример за рехабилитација“.
Слободен, Унтервегер станува новинар и баран предавач, но и повеќекратен убиец. Фатен и повторно осуден, си го одзема животот.
Оваа претстава ги спојува Малкович, оркестарот на Виенската академија, како и два прекрасни сопрани Чен Рајс и Сузан Лангбејн кои преку музика ги отсликуваат бесот, тагата и желбата за освета за жртвите. Според многумина оваа може да се нарече и нов жанр.
Обожавателите на овој познат актер имаат бројни можности за уживање во неговата брилијантна ексцентричност, но целосната чистина се согледува со неговиот настап во „Пеколна комедија“, која е возбудливо дело на театарот. „Пеколна комедија“ може да се гледа и како предупредување и како опомена, Од една страна општеството на Унтервегер му се додворува и го слави и покрај тоа што сторил ужасни работи. Од друга страна сер го поставува прашањето: Зошто на еден убиец би му била овозможена привилегијата на помилување. Гледајќи од друг аспект концептот на рехабилитација како таков е важен и суштински дел на моралните вредности. Но сепак, не може да се види како некој може да ги искупи гревовите за насила одземените животи. Па според тоа делото можеби зборува повеќе за општеството отколку за самиот Унтервегер.
Џон Гавин Малкович е американски глумец, продуцент и режисер. Роден е на 9 декември 1953 година во Кристофер, (Илиноис). Неговите дедо и баба по таткова линија биле Хрвати, со потекло од Озаљ, кај Карловац, Хрватска, а мајка му имала шкотско и германско потекло.
Малкович најпрво се прославил на театарската сцена, а во 1999 година се игра себеси во филмот „Да се биде Џон Малкович“. Во својата кариера, тој имал две номинации за наградата „Оскар“, и тоа за улогите во филмовите „Места во срцето“ и „На линијата на огнот“ како и номинации за награда од Британската филмска академија и три номинации за наградата „Златен глобус“. Има настапувано во повеќе од 70 филмови.
Почетокот на претставата е предвиден за од 21 часот.