Сузана Манчиќ пред 11 години ја објави автобиографијата „Нескротливо срце“, во која откри многу тајни. Таа не спомена имиња, меѓутоа се сети на бројни случувања од нејзиниот живот.
Пишуваше за работите кои ѝ се случувале на турнеите, а една од нив можела да биде погубна за еден пејач кој бил вљубен во неа.
„Бидејќи амбасадорот и јас ја криевме нашата врска од јавноста, сите мислеа дека јас всушност сум слободна и дека сум сама. На турнеите ми се додворуваа колеги, но јас не сакав да имам афери со нив. А ниту пак се однесував „слободно“. Но имаше еден, особено популарен пејач, кој беше многу упорен. Тој не попушташе и ништо не му пречеше, ни тоа што беше оженет, ни тоа што јас не го прифаќав неговото додворување“, пишуваше Сузана па објасни како за малку ќе се случела несреќа бидејќи ја шпионирал.
-Една вечер, за време на турнеја, делев соба со Билјана Ристиќ како и вообичаено. Собата беше на четвртиот кат, односно доста висока. По концертот тој почна да инсистира со овие зборови „дај ми малку, те молам. Само малку, те молам…“. Овие зборови пејачот ги повторуваше и не сакаше да попушти. Секако, ние две заминавме во соба. По некои десетина минути, слушнавме некаков звук на балконот. Пејачот висеше од четвртиот кат и викаше „пуштете ме или ќе загинам“. Ние две сепак бевме појаки. Го внесовме во соба и веднаш го исфрливме низ вратата. Дали поради моето одбивање или поради неговиот карактер, кога многу години подоцна се фотографирав за Плејбој тој се најде да ми држи лекции за морал“, напиша Сузана која никогаш не откри за кој колега се работи.