Спортскиот великан, Том Бреди (45) и славната манекенка ирина Шаек (37) се видени заедно. Тие го поминаа викендот заедно во домот на Бреди во Лос Анџелес, а потоа беа забележани за време на нивната прошетка.
„Ова е нешто ново и во моментот е целосно лежерно“, изјави извор за Page Six.
Инаку, на Бреди ова му е прва „љубов“ по разводот со манекенката Жизел Бундхен (43), а тој и Ирина наводно се запознале на венчавката на милијардерот Џозеф Нахмад (33) со манекенката Медисон Хедрик (29) на Сардинија.
Изворот тврди дека тие за време на тој викенд не ни разговарале, но изгледа дека сепак се зближиле.
„Том всушност не разговараше многу со Ирина тој викенд“, истакна изворот.
Инаку, Том и Жизел се разведоа минатата година, на изненадување на цеиот свет. Во брак беа 13 години и имаат две деца.
Шаек претходно беше во врска со Кристијано Роналдо (38), а нивната петгодишна романса заврши во 2015 година. Две години подоцна, таа ја доби ќерката Леа де Сејн со Бредли Купер со кого се разделија во 2019 година.
По романсата со Купер, Шаек имаше кратка врска со раперот Кање Вест.