Убави вести доаѓаат од Штип! Експедицијата на ДПС„Лисец наречена ,,Арарт 2023“ е успешно завршена, го искачи највисокиот врво во Турција, 5.137 метри надомрска височина.
Штипската екипа, членови на ДПС „Лисец“, во чиј состав беа Трајче Алексов, Билјана Спаскова, – Милорад Ангелов и Тоше Ристов во моментов се наоѓаат во градот Догубајзит на безбедно.
Во средата (19.07) во 06.25 часот по локално време го освоија највискоит врв во Турција ,,Арарт,, ( Агри Даги) 5.137 метри надморска височина и со тоа станаа првата штипска-планинарска експедиција кој го искачи овој врв.
Ова се меѓу првите членови на ДПС „Лисец“ во неговото седумдеесет годишно постоење на кој им успеа ова. Искачувањето траеше пет дена во тешки временски услови од темпертурна разлика од + 36 до до -25 степени на самиот врв и ветер од 40 км на час, а се одвиваше во неколку етапи и базни логори.
Ова е голем успех на ДПС „ Лисец“, на Штип и Македонското планинарство!