Се појави уште еден (не)човек, кој малтретира куче. „Анима Мунди“ во соопштението информира дека, како што велат, по илјадити пат јавноста сведочи на изживување врз животно и по илјадити пат институциите докажуваат неспособност, слепи и глуви пред очигледно мачење на куче.
-И овој пат во оваа бесправна држава кучето на приложената снимка остана во рацете на садист кој одбива да го предаде, сака да го тепа а официјалните ветеринари и полициските службеници станаа негови помошници, соучесници занемарувајќи ја константната тортура и болка на животното одлучуваат дека истото ке остане кај него и го задолжуваат да го чипира и вакцинира што подразбира да стане негов законски сопственик, иформираат од Анима мунди.
Според нив сумарно, монструмот е охрабрен од институциите да продолжи со мачење и малтретирање на кучето во моментот кога истите одлучија да заврши оваа постапка со мерка – дукација.
-Едукација дека треба да го микрочипира, вакцинира а тоа што е чувано во импровизирани услови со видлив деформитет на задни нозе од живот на ланец и повремено тепан очигледно не ги засега оние што треба да го заштитат животното и имплементираат законот. По илјадити пат се прашуваме за што ве избра и плаќа народот ако не за спроведување на законите? До кога ке се замижува пред секојдневните случаеви на неодговорност, мачење и малтретирање па и убивање на животни? Уште колку болка, страдање и смрт ке се толерира за конечно наведените институции одлучат да си ја работат работата?
Од Анима мунди бараат од Министерството за внатрешни работи да извести јавен обвинител и да се покрене кривична постапка за мачење и малтретирање на животното.
-Бараме од Агенцијата за храна и ветеринарство да престане со префрлање на одговорност, да направи исклучок и покаже способност за работа како што и доликува на една европска држава и да пристапи кон одземање на кучето од сопственикот. Секоја помината минута кучето поминува низ пекол и истиот се должи на вашата неспособност за спроведување на правда, информираат од Анима Мунди.