Давењето стана секојдневен феномен во грчките мориња , бидејќи од почетокот на летото повеќе од 100 луѓе ги загубија животите на море.
Според официјалните податоци на крајбрежната стража, само во првите 10 дена од јули се евидентирани 40 давења, но според информациите на ЕРТ од 11-ти јули до денес (17 јули), односно за само 6 дена има евидентирано уште 29 инциденти, со што вкупниот број се искачи на 69.
Властите предупредуваат дека консумирањето храна, алкохол и преценувањето на силата може да го претворат пливањето во морето во трагедија.
Во огромно мнозинство на случаи, инцидентите вклучуваат постари лица, кои, како што ни рекоа спасувачите, не треба да влегуваат во морето без придружба и не треба да го напуштаат брегот.
Според извештајот на ТВ Мега, од почетокот на летото повеќе од 100 луѓе го загубиле животот на море во рок од 45 дена, при што Грција веќе забележала 106 давења, додека лани биле регистрирани вкупно 196 такви смртни случаи.
Бројот од 106-те давења на море се регистрирани во Грција во периодот од 1 јуни до 15 јули. Минатата година, 196 смртни случаи беа регистрирани во периодот од 1 јуни до 15 август.
Извор: voria.gr