Речиси и да не постои човек кој не ужива во летото. Сонце, плажа, забава, море…сето ова многумина го очекуваат со нетрпение во текот на целата година, а потоа кога ќе дојде летото едвај чекаат да влезат в кола и да отпатуваат на одмор.
Поради тоа и не зачудува што некои луѓе едвај чекаат да стигнат и речиси и да не прават пауза додека патуваат. Додека пак, други повеќе уживаат во тоа да не брзаат и да уживаат во подолги паузи додека да стигнат до крајната дестинација.
Ова беше и една од главните теми во една популарна група на социјалните мрежи каде што се споделуваат информации за летување во Грција.
Еден човек ги насмеа останатите корисници со својата објава:
Типови на возачи за време на патување кон Грција
1.Тргнува на полноќ и нема живци да направи пауза освен кога точи гориво и кога децата сакаат да одат во тоалет. Тоа трае најмногу десет минути бидејќи потоа ќе треба да се пофали дека стигнат побргу од сите останати.
Кога ќе стигне до сместувањето го паркира автомобилот и не го поместува во следните 10 дена.
2.Тргнува наутро откако ќе се наспие и бара сместување додека патува бидејќи не брза никаде.
Кога ќе пристигне не оди на истата плажа и во текот на десетте дена оди на неколку различни плажи.
Продолжете ја низата – напиша човекот на социјалните мрежи:
„Возам цела ноќ за да ја поминеме границата без да се задржуваме, бидејќи тоа ми е пологично отколку да бидеме наспиени, а со часови да чекаме на жешкото време на граница. Сепак, секој ден го палам автомобилот за да одиме на различна плажа“;
„Автомобилот не го гледам десет дена, а не пак да го возам ако не морам. Сместувањето ми е блиску до плажата и само треба да се „поместам“ неколку метри;
Тргнува пред сите на полноќ, а потоа бара паркинг за да дремне“.
„Мојот партнер тргнува во осум вечер за да помине побргу на граница, па на првата бензинска пумпа застанува за да поспие. Се буди рано наутро целиот среќен бидејќи одиме на море. Децата спијат во автомобилот сè додека да стигнеме“ – се само дел од коментарите.