Црногорската прва дама не помина без да ја коментираат корисниците на Твитер. Таа на свечен настан носеше долг златен фустан – но овој детаљ го привлече вниманието на сите.
„Малку е вулгарно за прва дама“, напишале некои, а се огчаси и нејзиниот сопруг, претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
На приемот по повод Националниот празник присуствуваа Јаков Милатовиќ и неговата сопруга Милена Милатовиќ, а нивниот прв танц го следеа будните погледи на сите посетители и медиумите.
Милатовиќ облечен во морнарско одело со жолта вратоврска која одлично се совпаѓала со златниот фустан на неговата сопруга Милена.
Таа носеше долг, елегантен фустан во златно жолта боја, а особено интересни беа прерамките и деталите што го следеа нејзиниот врат, сè до половината. Сепак, тоа не е сè што забележаа луѓето на Твитер, тие истакнаа и дека на првата дама на Црна Гора се покажуваат брадавиците.
Многумина веднаш притрчаа во нејзина одбрана, особено што, како што многумина истакнуваат, таа има неколкумесечно бебе и се уште дои.
-Буквално на ниту една слика не се гледаат градите на жената, плус дои неколкумесечно бебе. Се е нормално во тој период.
-Како и секогаш, коментарот кажува повеќе за тој што го дава, отколку за оној на кој се однесува…
-Додека во Германија на базените се укинува задолжителното носење на горниот дел од костимот за капење, Балканот сè уште брка секој со видливи брадавици…
Malo vulgarno zanjednu “prvu damu” 🤢🤮 pic.twitter.com/84b5tnvrGZ
— cvijetukamenu (@cvijetukamenu) July 12, 2023
Некои бранеа, а други го споделија мислењето на тој што ја споделил фотографијата.
-Не оспорувам ништо од горенаведеното, но на вакви церемонии треба да се внимава на таквите детали токму затоа што може да се случи вакво нешто во тој период, додаде твитерџиката.
-Не доликува вака да се појавува во јавноста, не го оправдувајте, додаде друго лице.
Претседателот на Црна Гора реши да не молчи на оваа Твитер дебата, па реши самиот да го коментира „случајот“. Тој на својот профил го напиша следново:
Moram da razočaram twittersku javnost. Ne radi se o tjelesnom već o tekstilnom 👗🙈
— Jakov Milatovic 🇲🇪🇪🇺 (@JakovMilatovic) July 13, 2023
-Морам да ја разочарам твитер-јавноста. Не се работи за телесно туку за текстилно, напиша тој, пренесува курир.рс.