Голем пожар ги зафати станбените згради во Шибеник од коj бегаат мештани и туристи, а пожарот го гаснат седум авиони и речиси 150 пожарникари.
Гаснењето на пожарот што избувна околу 11 часот во градот Горњи Бановци го отежнува силниот ветер, а пожарот брзо се шири.
Командантот на противпожарната служба во Шибеник, Волимир Милошевиќ изјави дека пожарот зафатил станбени згради и дека семејствата чии згради биле загрозени или зафатени од пожарот треба да бидат евакуирани.
-Ситуацијата не е добра, пожарникарите се меѓу куќите и се обидуваат да спасат што можат. Ветерот ни ја отежнува работата – рече Милошевиќ и додаде дека околината на Гребаштица е без струја.
Тој вели дека засега немаат информации за оштетените објекти, пренесуваат хрватските медиуми.
Жителите на загрозената област ќе бидат сместени во спортската сала на шибенички Балдекин.
Една мештанка вели дека ситуацијата на терен се влошува и дека луѓето бегаат од становите.
- Вистинска паника, сè смрди и ништо не се гледа од чадот – рекла таа.