Општина Струга ги среди сите проблеми во градот, остана уште да им забрани на туристите и гостите да се шетаат по биќини и гаќи низ определени места во градот, а знаци низ забранетите улици веќе се поставени.
Во објавата на Општина Струга на официјалната страна на Фејсбук стои објавата за забрана наречена „почитување на јавниот ред“.
-Заради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ
централното шеталиште (од Чаршискиот мост до Зелениот пазар), се забранува шетање во
бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден. Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или во Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори. Вашето однесување е слика за градот, затоа сите заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика на една туристичка дестинација како што е Струга, се вели во објавата на Општината.
Објавата на Општина Струга не остана неискоментирана, иако одлуката е објавена вчера.
„Дефинтивно позаостанат народ нема од нас. Значи секаде каде има плажи дал езеро или море е забрнато надвор од плажа истото да се оди по костими за капење само кај нас е чудно и дури се подбива шега, овој народ не заслужува подобро. Заостанати во простор и време.“, „Најубаво по ѕиври на 50 степени и ролки“, „Поризични се “фраерите” со пивските стомаци и со цела златара на врат“, “Се друго средивте уште ова остана, нема веќе проблеми во градот“, „ Само да не забраните гумени влечки, тоа ќе биде трагедија. Фино звучи во банка кога влагаат и ги влечкаат папучките по плочки““, „ Охрид за една недела отвора нудистичка плаќа, за инает на Струга“, „Дали ќе биде дозволено топлес? Една комшивка прашува“.., се само дел од чешит коментарите под објавата.