Уште една трагедија се случи во македонскиот ракомет. Синоќа почина млад ракометар. Станува збор за 19-годишниот Андреј Петрески, кој беше член на клубот Аеродром.
Петрески кој беше познат меѓу соиграчите по прекарот „штурче“ починал во својот дом, а членовите на семејството, како и членовите на РК Аеродром се во шок од овој трагичен настан.
Попладнево од 12:30 во капелата на гробиштата во Бутел ќе биде последниот поздрав со Андреј Петрески. Погребот,, ќе биде на гробиштата во Камник.
Македонскиот талентиран ракометар играше на позицијата лево крило и се наоѓаше на поширокиот список на македонската кадетска репрезентација.