„Ние сме како Индијанци“, рече човек од толпата насобрана пред ЈП „Комунална хигиена“ синоќа, додека полицијата се обидувше да воспостави ред за да можат камионите да излезат.
Три дена дена ѓубрето во Скопје не се собираше, за да проблемите кулминираат доцна вчера вечерта, кога се случи инцидент пред „Комунална хигиена“. Полициска интервентна единица ги потисна вработените, кои протестираа на блокадата пред капијата, за да ги пропушти камионите да собираат ѓубре. Резултатот од тоа е тројца се повредени и четворица приведени.
Протестите на вработените се резултат на серија откази и неисполнување на барања за подобри услови за работа. Градоначалниците на Аеродром и Кисела Вода побараа помош од други општини, па така камионите за собирање смет пристигаа од Штип и Велес. Но, ЈП „Дрисла“ не ја отвори капијата, па сметот беше растоварен пред депонијата.
Што ќе се случува денес?