Маж од Злетово бил пријавен од мајка дека на дете од Кочани праќал недолична содржина преку социјалните мрежи.
-На 05.07.2023 година од страна на полициски службеници од Полициска станица Пробиштип од слобода е лишен С.К. од Злетово, постапувајќи по пријава на 29-годишна жителка на Кочани, според која С.К. преку социјалните мрежи ѝ испраќал пораки со недолична содржина на нејзината малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.