Најпознатото семејство на мали луѓе крие тешки семејни проблеми: Вистината излегла на виделина, кога веќе било доцна!
Дали се сеќавате на серијата „мали луѓе, голем свет“, која од 2016 година се прикажува на TLC програмата?
Станува збор за семејството Rolof, кое живее на фарма во Портланд, а сите членови на ова семејство имаат наследено различни мутации на џуџест раст. Додека ги следевме сите подеми и падови на ова необично семејство, тоа ги освојуваше нашите срца, Но денес ќе можете да прочитате за сите трагедии кои и се имаат случено на ова семејство, пренесува курир.рс.
Семејството Rolof, е претставено во оваа серија, која ги вклучува мајката и таткото, Ejmi и Metju Rolof, кои го имаат овој џуџест раст. Имаат три деца: Зак, Џереми, кои се близнаци и ќерка Моли, Зак e со џуџест раст, а Џереми и Моли не се.
„Мали луѓе, голем свет“ сакал да докаже дека без оглед на нивната големина, семејството може да ја надмине секоја пречка кој ќе им се најде на патот.
Кога првично е емитувана емисијата, претставен е Џејкоб, најмладото дете на ова семејство. Џејкоб, меѓутоа имал чудна и болна незгода со текот на првата година од снимањето. Во тек на сезоната на тикви, семејството има катапулт кој го користат за лансирање на тикви. Во една прилика катапултот предвреме е активиран, три дена пред Ноќта на вештерките 2006 година, Џереми и неговиот пријател Majк се тешко повредени, а Џејкоб морал да биде хоспитализиран со сериозни повреди. За жал ова не е единствен проблем со кој Џејкоб морал да се соочи во текот на снимањето. Тој ја напуштил семејната куќа одкако наполнил 18 години и повеќе не се појавува во емисијата поради проблеми со договорот.
Љубовниот живот на Зак Ролоф
Зак, едно од Ролофовите дева, ја забележал Викторија Елизабет Тори Патон, која дошла да работи кај семејството на фармата во 2010 година. На Зак му биле потребни четири месеци да собере храброст и даја покани да излезат. Тори ја прифатила неговата покана и од тогаш тие двајца се неразделни.
Во текот на 12 сезони, Зак од 16-годишно момче израсна во човек со свое семејство. Заковиот пријатен темперамент и духовитост го претворија во омилен лик.
Таткото на Зак, Мет, го советувал да почне да излегува, но Зак „имал очи“, само за Тори.
Неговите родители, Ејми и Мет верувале дека Тори ќе му го скрши срцето. По три години забавување, Зак ја запросил Тори на 30 април 2014 година, на денот на нивната три годишнина од врската. „Таа кажа да“! Напишал Зек на фб, набрзо после објавувањето на веридбата.
Парот имал преубава венчавка на семејната фарма една година по веридбата, на 10 јули 2015 кога се венчале пред 100 најблиски луѓе.
Додека нивната љубов цветала, 2016 година Мет и Ејми објавиле развод после 30 години брак, на големо изненадување на роднините, пријателите и гледачите.
Тоа беше невиден скандал. Парот криел од камерите, но и од децата дека имаат тешки брачни проблеми.
Ејми одлучила да го напушти животот на фармата, а тогаш нашла и нов дечко
Во ноември 2016, Зак и Тори објавиле дека го очекуваат своето прво дете една година по стапувањето во брак.
Мислите за детето биле обоени со срќа, но постоела и доза на грижа затоа што нивното дете има 50-50 шанса да наследи ахондроплазија, најраспротранет облик на џуџест раст и оние видови на гени кои ги поседува Зак. Зак е роден со ахондроплазија и затоа постои голема веројатност неговите деца да бидат погодени на ист начин.
На 12 мај 2017, Џексон, најновиот член на семејството Ролоф е прикажан на светот. Иако тој го наследил џуџестиот ген од својот татко, неговите родители биле воодушевени. Наскоро добиле и ќерка која не е погодена од овој ген.
Покрај среќниот љубовен живот на своите деца, Ејми и Мет долго време после разводот биле сами. Ејми повторно ја пронашла љубовта со Крис Марек и со него се омажила шест години по разводот .
Мет моментално има друга жена,а поранешните сопружници одлично се сложуваат.