Пејачот Машин Ган Кели (33) на својот концерт му исполнил бизарна желба на еден од своите обожаватели, односно му удрил шлаканица. Раперот настапувал во Белгија кога во толпата здогледал маж како држи натпис со прилично необично барање.
„Дојдов од Мексико за тебе, удри ме в лице“, пишувало на натписот.
„Зошто толку сакаш да се удрам“ – го прашал Кели обожавателот.
Кога обожавателот му одговорил дека го сака, тој му рекол: „Имам прстени, тоа ќе биде баш болно. Не знам, тоа во секој случај не е добро за мене. Не знам дали ќе го направам тоа, ќе размислам“.
Раперот потоа се спуштил меѓу обожавателите за да може да ја исполни ваквата необична желба, а видеото од целиот настан го сподели на својот Инстаграм профил.
„Остварувам соништа“, напиша тој кратко под објавата.
Видео сподели и самиот обожавател Маркос, кој му се заблагодари на музичарот. Другите обожаватели ја искористија приликата и се пошегуваа на сметка на Маркос.
„Момчево утре ќе тужи и ќе може да го купи цело Мексико“, „Овој момент ќе им го прераскажувам на внуците“, гласат дел од коментарите.