Ќерката на оскаровецот Роберт де Ниро, педесет и едногодишната Дрина, на Инстаграм објавила дека нејзиниот син починал од дрога што некој му ја продал, а во која имало фентанил, пишува Даили Меил.
-Некој му продал апчиња со фентанил, апчиња за кои знаеле дека се дрога, но сепак му ги продале“, напиша Дрина.
Безживотното тело на Леандро (18) беше пронајдено во неделата покрај бел прав во стан вреден 950.000 долари на Вол Стрит.
Таа додаде:
„За сите овие луѓе кои сè „зезаат“ со продавање и купување на овие видови на дрога, мојот син засекогаш го нема“, додаде таа.
Шокантната смрт на Леандро дојде во неделата кога безживотното тело на тинејџерот беше пронајдено на стол во еднособен стан на Вол Стрит во Њујорк.
Причината за неговата смрт се уште не е потврдена.
Дрина се огласи на Инстаграм во вторникот за да опише дека го држи својот син Леандро за последен пат во објава каде се прости од него.
Таа во објавата напиша дека ќе го држи својот син „за последен пат“ и порача „моето срце е скршено засекогаш“.
Мајката на Леонардо, американската актерка Дрина, која Де Ниро ја посвои откако актерот се ожени со нејзината мајка Дајан Абот во 1976 година, ја објави смртта на Леонардо во понеделникот, велејќи:
„Посакувам љубовта да можеше да те спаси“.
Таа подоцна додаде фотографија одблиску на која Леандро се насмевнува.