Ненад Кнежевиќ Кнез вели дека ја оставил поранешната сопруга Нина Вукмановиќ бидејќи не сакала да работи ниту да готви! По 11 години молк, поп пејачот за првпат проговори за причините за разделбата со жената со која има две ќерки Ксенија и Андреа.
Кнез и Нина се разведоа по 17 години брак, а пејачот си ја отвори душата во големата животна исповед и детално објасни колку му било тешко да стави точка на бракот, пренесува курир.рс.
-Мојата тогашна сопруга и јас имавме несогласувања многу пред разделбата. Еден од проблемите беше што таа немаше интерес, беше фокусирана само на нашите деца. Сакав да ја вработам, не за парите, туку за таа да направи нешто во животот, но таа не сакаше. Дури ѝ отворив бутик, но нејзината филозофија во животот беше да не работи. Не сакаше ни да готви дома, па и јас го правев тоа – ја започнува приказната Кнез.
Тој додава дека една од најтешките одлуки во животот му била да се разведе. Долго размислувал што да прави, а потоа во 2010 година добил покана да учествува во реалното шоу „Сурвајвер“. Бидејќи бил на пресврт во животот, решил да ги спакува куферите, да отпатува на Филипините еден месец и да размисли за се.
-Благодарение на мојот авантуристички дух ја прифатив понудата да се натпреварувам во третата сезона на „Сурвајвер“ со познати личности. Природата и тишината што владее на островот ме ресетираа и ми помогнаа да размислувам за мојот живот. Мозокот ми се врати на фабричките поставки. Тогаш решив дека дефинитивно ќе се разведам. Можеби звучи неверојатно, но 32 дена борба за живот во џунглата ми помогна да сфатам дека разделбата е единственото решение за мене.
Откако се вратил од Филипините, отишол кај сопругата, и донел документи за развод и го напуштил станот.
-Иако сакав да раскинам, тешко го поднесов. Сето тоа беше неверојатно стресно за мене. Посебно се чувствував ужасно за нашите ќерки, кои не беа мали, но се чувствуваа лошо што нивните родители се разведуваат. Поради нив двете, поминував низ многу работи со Нина, за да не почувствуваат ништо. На крајот се испадна како што треба.