Поранешниот вработен во “OceanGate”, Дејвид Локриџ, испратил е-пошта пред неколку години на друг поранешен вработен во компанијата во која изразил загриженост за можни дефекти на подморницата Титан.
„Не сакам никој да ме смета за детиште, но многу сум загрижен дека ќе се убие себеси и другите во неговата потрага да го зајакне своето его“, напиша Локриџ за извршниот директор на “OceanGate”, Стоктон Раш, пренесува Б92.
Компанијата организираше туристички патувања до потонатиот брод Титаник стар 111 години по цена од 250.000 долари. Локириџ работел како независен соработник за “OceanGate” во 2015 година, а потоа како вработен помеѓу 2016 и 2018 година, пишува CNN. Наскоро тој се вплетка во судски спор со “OceanGate”, тврдејќи дека бил неправедно отпуштен поради загриженоста за безбедноста и тестирањето на Титан.
Раш бил предупреден за недостаток на безбедност.
-Би се сметал себеси за доста храбар кога станува збор за правење опасни работи, но таа подморница е несреќа која може да се случи во секој момент. Не можеа ни да ми платат да се нуркам во таа подморница“, напишал Локриџ во е-пошта до Роб МекКалум, соработник на проектот.
МекКалум, кој ги водеше експедициите на Титаник, го предупреди Раш во 2018 година за безбедноста на подморницата Титан, велејќи му на извршниот директор дека се става себеси и неговите клиенти на ризик. “OceanGate” изгуби контакт со својот мајчин брод еден час и 45 минути по планираното нуркање кон потонатиот брод Титаник.
Неколку дена подоцна, официјални лица потврдија дека Титан претрпел „катастрофална имплозија“. Загинаа сите пет членови на екипажот: Раш, британскиот бизнисмен Хамиш Хардинг, францускиот нуркач Пол-Анри Наргеолет, пакистанскиот милијардер Шахзада Давуд и неговиот 19-годишен син Сулеман Давуд.