Пет патници на подморницата Титан ги поминале последните моменти слушајќи музика во целосна темнина и гледајќи суштества од длабочините, открила Кристин Давуд, сопруга на Шахзада Давуд, кој загина во експлозијата и мајка на Сулејман (19), кој бил на подморницата со својот татко.
Екипажот почна да нурка до потонатиот брод Титаник во осум часот наутро на 18 јуни. Еден час и 45 минути по нуркањето, во 9:45 часот, контактот е изгубен, пренесува nova.rs.
Американската крајбрежна стража го регистрирала звукот на експлозијата, а пет дена подоцна, остатоците од подморницата биле пронајдени на морското дно, на околу 500 метри од потонатиот брод Титаник.
Експертите оценија дека екипажот загинал во катастрофална имплозија, а според нив, тоа било моментално, односно „ништо не почувствувале“.
Пред неколку дена Кристин Давуд, сопругата на Шахзада и мајка на Сулејман, за Њујорк Тајмс открила нови детали од експедицијата.
Давуд полетале за Торонто на 14 јуни, нивниот лет бил откажан, па како што рекла Кристин, „се плашеа дека нема да стигнат да се качат на Титан“.
„Всушност бевме прилично загрижени, но се чини дека ќе беше подобро ако навистина го откажаа нашиот лет“, рече Кристин.
Во подморницата „Полар принц“ пристигнале на 5 јуни и отпловиле до местото за нуркање.
На оние кои се подготвувале за нуркање им било кажано да носат дебели чорапи и капа, поради потенцијално студенило во длабочина и да ја следат препорачаната диета еден ден пред нуркањето, без кафе наутро.
На екипажот му било кажано дека ќе нуркаат во темница, бидејќи светлата се чуваат за да ги имаат кога ќе се спуштат на дното на морето. Им било кажано дека најверојатно ќе видат биолуминисцентни суштества.
Кристин рече дека Шахзада бил возбуден како дете и се фасцинирал од Титаник по изложбата во Сингапур во 2012 година, на 100-годишнината од потонувањето на бродот.
Таа нашла оглас за „OceanGate“ и првично имала намера да патува со својот сопруг. Но, нивното патување било одложено поради пандемијата на коронавирус.
Следниот пат му го дала билетот на Сулејман.
Кристин раскажа како Раш и неговата сопруга Венди дошле во Лондон, каде што живеело семејството Давуд, за да ги информираат за патувањето.
Сепак, техничкиот аспект остана нејасен.
„Таа инженерска страна, немавме поим. Претпоставувам дека е како да седите во авион. Моторот работи, но не ни помислувате на тоа. Бевме воодушевени од идејата за ваква авантура“, рече таа.
Според неа, Шахзада бил маѓепсан од Пол-Анри Нарјолет, кој одржал презентација за неговите 37 патувања до Титаник и ѝ кажал на групата како во една прилика бил „заглавен таму три дена и подморницата ја изгубила комуникацијата со матичниот брод. .
Наближуваше денот на поаѓање за Титаник. Во вторник, на 18 јуни, екипажот мораше да биде на палубата во пет часот наутро.
Кристин рече дека е импресионирана од професионалноста на персоналот.
Сулејман и Шахзада ги имаа своите одела „OceanGate“, како и водоотпорни портокалови панталони и јакна, чизми и елеци за спасување и шлемови.
„Синот се симна по скалите за да влезе во чамецот што ги превезуваше патниците до пловечката платформа на која беше врзан Титанот. „Алина (ќерката) и јас само се надевавме дека нема да падне во вода“, рекла Кристин.
Кога целиот екипаж беше на бродот, подморницата нурна.
Подоцна истото утро, Кристин слушнала како некој вели дека комуникацијата со Титан била изгубена.