Туристите во Стариот град на Дубровник не смеат да туркаат куфери со тркала, или доколку поседуваат ваков куфер, ќе мора да го носат во раце до местото до кое сакаат да стигнат.
Градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ изјави дека причината за новата политика е всушност обид за сузбивање на преголемата бучава. Според него, локалното население е уморно од бучавата на туристичките куфери на камените плочи и ноќе често да се буди.
Доколку некој биде фатен како тркала куфер може да добие казна од 265 евра. Но, на забраните им нема крај. Следното што се планира е воведување систем, каде туристите ќе ги оставаат куферите надвор од градот, кои подоцна ќе се транспортираат до сместувањето.
На туристите им е наложено и да не ги шетаат своите миленици без поводник, да не шетаат без кошули и да не се качуваат по споменици, бидејќи така ќе се покаже „почит“ кон градот.