Американската актерка и комичарка Розеан Бар се најде на удар на критики поради нејзините контроверзни коментари за холокаустот.
Таа за време на гостувањето во подкастот “This Past Weekend with Theo Von” изјавила дека никој не загинал во Холокаустот.
„Тоа е вистина. Тоа треба да се случи. Шест милиони Евреи треба да умрат сега, бидејќи тие ги предизвикуваат сите проблеми во светот, но тоа никогаш не се случило. Никогаш не се случи“, рече Бар.
Сепак, водителот Тео Вон, чиј подкаст е познат по тоа што предизвикува контроверзии, тврди дека нејзините изјави биле саркастични. Дури и нејзиниот син Џејк Пентланд проговори за изјавата, велејќи дека тоа е сарказам.
Но, таа и претходно беше мета на критики поради контроверзните расистички коментари кои ги сподели преку нејзиниот профил на Твитер, поради што продуцентите на серијата “The Conners” ја прекинаа соработката, а телевизиската мрежа АБЦ го откажа хумористичкото шоу “Rossane”.
„Розеан Бар треба да се пријави во лудница“, „Нема ниту една смешна ситуација во гнасните лаги на Розана Бар“, Водителот и дозволи на Розана Бар да исфрла глупости за негирање на холокаустот на неговиот подкаст“, беа само дел од коментарите на социјалните медиуми, пренесува Б92.