Од 29-ти до 30-ти септември 2023 година во салата на Националната Опера и Балет во Скопје, за прв пат ќе се одржи водечки меѓународен високо-технолошки самит.
На самитот ќе стане збор за истражување на моќта на вештачката интелигенција и новите технологии. Светски реномирани експерти za Вештачка Интелигенција од водечките светски комании како Microsoft, Google, Spotify, BBC, Boston Consulting Group, Wipro, Universal Robots и др. ќе бидат дел од говорниците и панелисти на првото издание на „AI Tech Summit“ во Скопје.
Главни теми кои ќе ги опфати самитот се: иднината на работата во ера на Вештачка интелигенција, етичките и правните норми и нивна примена, користењето на вештачката интелигенција во индустриите, како и соработката и ко-еволуција на вештачката интелигенција со луѓето за унапредување на човештвото.
„AI Tech Summit“ е во организација на TBM Group, водечка европска компанија за организација на светски реномирани конференции.
За билети информација на веб страната www.techsummit.ai
Билетите се ограничени.