„Добро утро на сите“, е она што секое утро во седум часот ви го посакуваат Христина и Мирко, водителите на утринската програма на радио Канал77!
Три часа забава, шеги, смеа и многу информации споделуваат секој работен ден, секако во конекција со слушателите, но и следбениците на социјалните мрежи, кои од ден на ден се во се поголем број.
Пред два дена на многу необичен начин го прославија 10 илјадитиот следбеник на Тик Ток.
Христина и Мирко во живо се тетовираа, а стартот на овој чин го означи токму Марко, нивниот јубилеен следбеник.
Со „3,2,1… сега“ Марко го означи стартот на тетовирањето, најпрво на Христина, а потоа и на Марко. Христина одлучи нејзината рака да ја краси тетоважа со цвет од кала, додека Мирко карактер од анимиран филм.
Христина и Мирко сами си го поставија предизвикот да се тетовираат во живо додека водат програма на радио, и ова нема да биде единствениот предизвик. Иновативноста на двајцата водители понатаму ќе донесе многу интересни моменти за слушателите,но и следбениците, кои веќе една година им даваат голема поддршка и на Фејсбук, Инстаграм и Тик Ток.
-Откако влеговме во приказната на нашето шоу сфативме дека сè се случува на социјалните мрежи, па паралелно станевме дел од нив. Почнавме со Фејбук и Инстаграм, а и двајцата велевме дека нема шанси да отвориме профили на ТикТок. Го споивме радиото и социјалните медиуми и видовме дека на почетокот не заследуваа слушатели, а како што се ширевме на ТикТок се случуваше спротивното, следачи почнаа да се наши слушатели. Кога стартувавме ни беше фикција да стигнеме до 10 илјади, но сега тоа е и повеќе од реалност, велат Христина и Мирко и додаваат дека се подготвени да направат уште многу нешта што досега не се направени на радио во Македонија.
Бидејќи радиото веќе и се гледа, а не само да се слуша, сето тоа ќе можете да го видите на профилите на Канал77 на социјалните мрежи. „Утринско шоу со Христина и Мирко„ е насловот на нивната емисија, чие име, како што велат водителите, доволно зборува за тоа какви се изненадувања же им приредат на слушателите и следбениците.
-Им ветуваме дека ќе ги поместиме границите на радиото. Нека се подготвуваат за забава каква што немало досега на радио, велат двајцата.
Христина е дипломиран новинар, а Мирко и актер. Но, и двајцата се пронајдоа во магијата што ја носи радиото, а таа љубов ја препознаа слушателите, кои секојдневно им даваат поддршка….
Погледнете што се случуваше во студиото на Канал77: