Со сите свадбарски обичаи, карактеристични за Пијенечно – Малешевскиот крај ќе се одржи свадбата на младенците Дарко и Тамара Спасови од Делчево. Младенците кои беа избрани на јавниот повик, на кој во потесна конкуренција останаа пет двојки.
Годинашното 17-то издание на Пијанечко – Малешевската свадба, е дел од традиционалниот Меѓународен фестивал „Делчево-фест“.
-Чест ми е што со ова наше учество ќе дадеме апел до младите да ја носат оваа македонска носија и да ги негуваат адетите што останале од стари години, рече младоженецот Дарко Спасов.
По претходно спроведен конкурс со едногласна одлука на Комисијата за избор, Културно-уметничкото друштво ,,Гоце Делчев” ги соопшти резултатите од конкурсот за овогодишното издание на манифестацијата ,,Делчево фест 2023″. Со одлуката на Комисијата, како што соопшти Зенил Реџепов, координатор на „Делчево фест 2023“.
-Членовите на КУД ,,Гоце Делчев” максимално се ангажираа за организирање на 47. издание на Меѓународниот музички фестивал Делчево Фест 2023 и 17-та Пијанечко-Малешевска свадба во функција на туристичка понуда на регионот како придружна манифестација на фестивалот. Од сите пријавени на конкурсот со најмногу гласови останаа 5 брачни пара, притоа едниот отпадна поради нецелосни документи. Ме радува интересот на младите брачни парови да бидат дел од оваа манифестација чија основна цел е зачувување на богатата палета свадбарски обичаи кои, би рекол, сè уште живеат и се чуваат во овој регион, рече Реџепов.
Организатор на „Делчево фест 2023“ е КУД ,,Гоце Делчев” од Делчево, настанот се реализира под покровителство на градоначалникот на Општина Делчево, а поддржувач е Министерството за култура. Настанот се реализира со партнерство на невладини организации и општините од регионот, а главната манифестација ,,Делчево Фест 2023″ и годинава ќе се одржи на почетокот на месецот септември.