Дваесетгодишен возач Д.Д. од Радовиш вчера попладне (16.06.2023 во 14 часот) на ул. „Калузлиска“ во Радовиш, управувајќи патничко моторно возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак од Радовиш.
Како што соопшти МВР, возачот со возилото напуштил место, но бил пронајден од полициски службеници.
Пешакот е пренесен во Здравствен дом Радовиш каде од лекар му се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Радовиш.