Граѓански активисти, новинари и пријатели се простуваат од прерано починатиот Крешник Ајдини, новинар и активист, кој вчера го славеше својот 55-ти роденден.
Крешник Ајдини беше познат новинар, автор во повеќе македонски и регионални медиуми. Основач е на магазинот Лајф, а подоцна и на Лајф радио. Ајдини беше и истакнат граѓански активист борец за човековите права, слободата на медиумите и општеството воопшто.
Погребот е денеска (сабота), во Дебар во 13 часот.