Свежо утро, по ноќ со интензивни врнежи во делови од државата. Според УХМР, најмногу дожд падна во Маврово (35 литри на квадратен метар и Тетово – 24 литри.
Податоци во 8:30 часот:
Минимални температури (во °с) : 8 Попова Шапка, 10 Маврови Анови, Лазарополе, Крушево, 13 Крива Паланка, Охрид, Претор, Дебар, 14 Тетово, Битола, Прилеп, Виница, Берово, 15 Штип, Кавадарци, 16 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, Струмица, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2)
35 Маврови Анови, 24 Тетово, Попова Шапка, 22 Претор, Крушево, 21 Прилеп, 20 Куманово, 16 Крива Паланка, Демир Капија, 14 Скопје Петровец, 13 Охрид, 10 Дебар, 9 Пожаране, 6 Виница, 5 Тополчани, 4 Штип, 3 Струмица, Ѓуриште, 2 Скопје Зајчев Рид, Битола, 1 Берово, Лазарополе.
Забелешка: Дадените вредности за количината врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Во текот на ноќта, а и утрово, времето е облачно со локални врнежи од дожд. Претежно долж Повардарието дува умерен ветер од северен правец.
Времето денеска: Претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, особено во источните делови, каде ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени.
Во Скопје облачно со повремен дожд, повремено пороен. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 21 степен.