Утре македонската фудбалска репрезентација ја очекува натпреварот од третото квалификациско коло за Европското првенство 2024 против Украина, а на денешната прес-конференција покрај селекторот Благоја Милевски присуствуваше и капитенот Стефан Ристовски.
Македонскиот капитен истакна дека ако сакаме успех со Украина мораме да бидеме на највисоко ниво затоа што против нас ќе имаме селекција која игра одличен фудбал.
„Украина е репрезентација која не се смета за фаворит, но играат одличен фудбал. Со нив игравме на Европското првенство и тогаш одигравме две различни полувремиња и направивме грешки кои тие ги казнија. Ако сакаме резултат ќе мораме да одиграме максимално, потребен ни е еден перфектен натпревар“, изјави Ристовски.
Терминот за натпреварот е 20:45 часот.