Познато сценарио, со пукање од возило, кое потоа е запалено, го следи убиството на чаирчанецот Блерим Даци, кој неофицијално е дел од групата која пукаше во „Шиша бар“ во Скопје, кога беа убиени двајца. Возилото од кое е пукано е идентификувано дека е сопственост на скопјанецот Дритон Туша, пишува Инсајдер. Непотврдено е дека сега убиениот Д.Б. побегнал од куќен притвор.
Веста за пукањето во Приштина ја потврди портпаролката на полицијата, Флора Ахмети, која рече дека убиството се случило околу 20.00 часот на улица Ц во Приштина.
-Околу 20.00 часот било пријавено дека на улицата „Ц“ во Приштина имало пукање. Полицијата излегла на местото на настанот и од првите информации добиени од лекарите од Итната помош било потврдено дека едно лице е без знаци на живот“, изјави Ахмети.
Осомничените кои пукале, бегајќи од полицијата, бегајќи на улицата А во Приштина, го запалиле автомобилот од марка БМВ, јавуваат косовските медиуми.
Во запаленото возило, полициските службеници пронашле два калашникови, оружје за кое постои сомневање дека е употребено за убиство на жртвата.
Инсајдер пишува дека во автомобилот имало повеќе од едно лице кое го извршило делото и го напуштило местото на настанот. Тие побегнале во правец на Грачаница. Полицијата не успеала да ги фати.