На денешната седница на Уставниот суд ќе се разгледува иницијатива за оценување уставност на програма и статут на здружението на граѓани КЦ „Иван Михајлов” од Битола, познат како бугарски клуб. Поднесувач на иницијативата е партијата Левица.
Подносителот наведува дека оспорените Статут и Програма се спротивни на членот 20 став 2 од Уставот затоа што според него се насочени кон разгорување на национална или верска омраза или нетрпеливост.
Во иницијативата е наведено дека дејствувањето на Здружението е насочено кон уривање на уставниот поредок на Републиката и разгорување на национална омраза и нетрпеливост. Подносителот на иницијативата бара поништување на оспорените акти.
Претходно со одлука на Централниот регистер, на 22 март годинава беше избришан бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ од Битола. Една недела порано, министерот за правда Кренар Лога го потпиша решението со кое се одби барањето бугарското здружение да го користи името на оваа контроверзна личност.