Владата на попладневната седница го именуваше Стефан Богоев за нов директор на Царинската управа. Богоев доаѓа на местото на Славица Кутиров, која се повлекла од директорската функција, потврдија од Владата.
Стефан Богоев со ова, покрај партиската функција во СДСМ како еден од тројцата потпретседатели, добива и важна директорска функција. Богоев и во 2021 година, по завршувањето на градоначалничкиот мандат во општината Карпош, се споменуваше како сигурен кандидат за директорското место во Царина. Но, наместо тоа доби партиска функција.
34-годишниот Богоев беше пратеник и претседател на СДММ.