Расправија меѓу тројца мажи завршила со смрт на 42-годишен велешанец и со тешки телесни повреди на друг, откако во нив пукал С.И. (61), жител на Подлес. Настанот се случил вчера, попладне пред куќата на С.И., кога прво настанала расправија со М.В и М.Д од Велес, а потоа од пиштол „Црвена Застава“ испукал неколку куршуми кон двајцата велешани.
Од здобиените повреди во амбулантата во Градско починал М.Д (42) додека со тешки телесни повреди здобиени М.В (44) е транспортиран во велешка болница. Смртта кај М.Д ја констатирал лекар на Итна медицинска помош од Велес.
-Увид на местото извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од СВР Велес.
Пиштолот е одземен, а С.И. бил задржан во полициска станица