„Се прави обид да се дискредитира Бугарија пред Европската Комисија и да се заобиколат обврските преземени со францускиот предлог“, се вели во Меморандумот на бугарската партија ВМРО испратен до новата влада на Бугарија.
Причината за овој документ е, како што пишува, „невидената и агресивна пропаганда што Скопје ја прави во Брисел веќе неколку месеци“.
-Ова е уште една манифестација на лошо соседство и обид да се заменат веќе потврдените документи кои ги опишуваат условите што РСМ мора да ги исполни за да го продолжи процесот за влез во ЕУ“, тврдат од раководството на ВМРО.
-Иднината на РСМ е во ЕУ, но тоа не може да биде на сметка на бугарската историја, јазик и култура, правата на нашите сонародници во РСМ и на сметка на достоинството на бугарскиот народ! ВМРО го поддржува членството на РСМ во ЕУ како средство за целосно остварување на нашиот национален идеал, а тоа е да нема граница меѓу браќата од двете страни на Осогово“, нагласуваат од ВМРО.